Уставен суд денеска ќе одржи седница
Уставниот суд на денешната 21. седница, како што е најавено, треба да расправа по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за решавање на судир на надлежности...

Уставниот суд на денешната 21. седница, како што е најавено, треба да расправа по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за решавање на судир на надлежности.
Основниот суд Охрид е подносител на предлогот за решавање на судир на надлежности.
Како што соопштија од Уставниот суд, подносителот бара да се утврди чија е стварната надлежност дали на Основниот суд Охрид или на Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда за одлучување по барање за трансфер на осуденикот Б.П. во казнено-поправна установа во Република Бугарија.
