ИЗРАЕЛ

Продолжува битката против Хезболах и Хамас

10.07.2024 08:41

Две лица се повредени-соопштија израелските власти...

Разгорува битката меѓу Израел и Хезболах. Лансирани повеќе од 40 ракети од либанска територија врз Голанската висорамнина. Две лица се повредени-соопштија израелските власти. Најновиот бараж следи како одговор на израелскиот напад во Сирија во кој беше убиен телохранител на водачот на Хезболах. Во истовреме гори и на фронтот во Газа. Хамас обвинува за цивилни жртви во израелски воздушен напад во кој беа погодени шатори со раселени лица пред училиште на југот од енклавата. Договорот за примирје и натаму неизвесен.

„Мислиме дека сме поблиску до договор отколку што бевме пред неколку недели, но тоа не значи дека ќе го постигнеме. При вакви преговори, најтешките прашања се чуваат за крај. Сè што можеме да направиме е да продолжиме да појаснуваме дека овој договор е во интерес на двете страни. Останува наша проценка дека најдобриот начин да се постигне смиреност на северот е да се постигне прекин на огнот во Газа“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.