Нато Самит

Владина делегација учествува на Самитот на НАТО

10.07.2024 08:53

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Самитот на НАТО што се одржува во Вашингон...

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Самитот на НАТО што се одржува во Вашингон. Премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук-профил објави дека се сретнал со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на македонската група за пријателство на американскиот конгрес.

Разговаравме за интензивна соработка базирана на принципите на пријателство, меѓусебно почитување и заемната поддршка. Стратешките интереси се остваруваат преку интензивни контакти и политика на принципи. Се бориме за македонските позиции на секое поле, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во рамките на посетата на Вашингтон, Мицкоски, се сретнал и со конгресменот Брендан Бојл, со кој разговарале за приоритетите на НАТО алијансата и важноста да се зачува демократијата и мирот, а биле промовирани и економските можности и потенцијали кои ги нуди државава.

Премиерот Мицкоски имал и работна средба со претседателката на НДИ, Тамара Кофман Витес, со која разговарале за демократските процеси во земјава. Мицкоски остварил средба и со поранешниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер.