АВСТРАЛИЈА
Пожар во хемиска фабрика во Мелбурн
10.07.2024 08:53
Токсичен чад се шири над објектот. Повеќе од 30 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат огнот...

Голем пожар предизвикан од хемиска експлозија избувна во фабрика во западниот дел на австралискиот град Мелбурн. Токсичен чад се шири над објектот. Повеќе од 30 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат огнот. Властите ги предупредија жителите да ги затворат прозорците и да останат во своите домови.
Издадени се предупредувања и во источните предградија. Засега нема информации за повредени.
