Спасувачка акција на МВР и ЦУК
Спасени три момчиња кои останале заробени на островче откако дошло до зголемување на нивото на реката Треска поради испуст на водата од хидроцентралите Матка и Козјак ...

Спасени три момчиња кои останале заробени на островче откако дошло до зголемување на нивото на реката Треска поради испуст на водата од хидроцентралите Матка и Козјак, како редовен процес за производство на електрична енергија.
16-годишните момчиња речиси четири часа биле заробени на островче од песок и чакал во средина на реката кај скопски Сарај. Поради големото количество вода неуспешен бил обидот за спасување на момчињата со чамец, па било побарано од хидроцентралите веднаш да го намалат истекот на водата, по што специјални тимови од МВР и жители на село Грчец, успеале безбедно да ги префрлат на другата страна на реката.
