свет

Русија издаде потерница по Јулија Навални

10.07.2024 09:03

Осудена е во отсуство под обвинение за учество во активности на екстремистичка група и додадена на листата лица барани од Русија...

Московскиот суд издаде налог за апсење на Јулија Навални. Осудена е во отсуство под обвинение за учество во активности на екстремистичка група и додадена на листата лица барани од Русија.

Овој потег доаѓа помалку од две недели откако таа беше избрана за шеф на Фондацијата за човекови права-позиција на која го замени Гари Каспаров, руски опозиционер кој живее во странство.