здравје

Лековитата моќ на рибизлата

10.07.2024 10:25

Изобилува со витамин Ц како и железо кое помага кај анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат делувањето на алергените, штити од бактерии и вируси и ги олеснува тегобите од астма...

Рибизла изобилува со витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), Ц, А и К, и е одличен извор на антиоксиданси и минерали коишто го подобруваат квалитетот на кожата и косата.

Помага и во детоксикација на телото и ја зголемува отпорноста на организмот на болести. Изобилува со витамин Ц како и железо кое помага кај анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат делувањето на алергените, штити од бактерии и вируси и ги олеснува тегобите од астма.

Содржи и калиум којшто е важен за здравјето на срцето и за квалитетна работа на целиот организам. Делува превентивно на хипертензијата, го намалува крвниот притисок и помага при намалување на ризикот од мозочен удар. Има значајно количество на витамин К којшто ефикасно делува против згрутчување на крвта.

Црвената рибизла е познат диуретик бидејќи ја поттикнува елиминацијата на мокрачната киселина, што е важно за заболените од гихт или ревматски болести.

Има значајно количество на витамин К којшто ефикасно делува против згрутчување на крвта.