Активирани црвени или портокалови метео аларми во сите земји од регионот
Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури. Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс....

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.
Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури. Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.
Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.
Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.
