Попис во Албанија

Декларација против пописните резултати во Албанија

10.07.2024 11:14

Mакедонско друштво „Илинден“ од Тирана подготви декларација против резултатите од пописот во соседната земја...

Mакедонско друштво „Илинден“ од Тирана, подготви декларација против резултатите од пописот во соседната земја. Во неа е наведено дека ги отфрлаат прелиминарните резултати поради, како што велат, фалсификат на бројот на етничките Македонци и грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на Бугарија.

Од Македонското друштво, велат дека и покрај тоа што со години алармирале за подготовките за пописен фалсификат, ништо не било направено. Оттаму бараат нов попис на населението.

Декларацијата ќе биде доставена до албанскиот Парламент, Владата, претседателот на државата, Државниот институт за статистика и правобранител, до властите во нашата земја, како и до меѓународниот фактор.