САД
Направени анкети по дебата на Трамп и Бајден
10.07.2024 11:37
Притисокот врз актуелниот претседател Бајден да се откаже од претседателската кандидатура, се зголеми откако помина лоша дебатна ноќ со неговиот ривал Трамп ...

Американската потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, би можеле да го победат републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, доколку се кандидираат за претседател, покажуваат резултатите од анкетите.
Притисокот врз актуелниот претседател Бајден да се откаже од претседателската кандидатура, се зголеми откако помина лоша дебатна ноќ со неговиот ривал Трамп. Екс-претседателот пак, ужива во демократските превирања задевајќи го Бајден со покана за ново соочување.
