Субвенции
Исплатени 93,5 милиони денари субвенции за пчеларите
03.07.2014 14:40
Финансиска поддршка добија 2.632 пчелари за презимено пчелно семејство...

Министерството за финансии денес исплати 93,5 милиони денари субвенции за презимено пчелно семејство на 2.632 пчелари.
Финансиската поддршка која ја добиваат пчеларите за презимено пчелно семејство изнесува 600 денари по пчелно семејство.
Субвенциите се исплатени на земјоделци кои одгледуваат пчели низ цела територија на Република Македонија.
Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.
