Декларација на МД „Илинден“ против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување
Македонско друштво „Илинден“ од Тирана утврди декларација против резултати од пописот во Албанија спроведен од 18-ти септември до 30-ти октомври, а во одделни делови продолжен до 16-ти ноември 2023 година. Во декларацијата стои дека друштвото ги отфрла прелиминарните пописни резултати поради фалсификат на бројот на етничките Македонци …

Нема етнички Бугари во Албанија, ниту имало некогаш претходно. Фалсификуван е бројот на етнички Македонци со грубо мешање на бугарската амбасада во Тирана, владата во Софија и неколку фондации од Бугарија, пред и за време на пописот, остро реагираат со декларација од македонското друштво „Илинден“. Оттаму ја осудуваат злоупотребата на терминот „Северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија. Во декларацијата прстот се вперува во албанските власти кои се оглушиле на постојаното алармирање дека се подготвува пописен фалсификат. Дека пописот ќе биде побиен очекуваат и од албанските и од македонските власти.
И дел од експертската јавност во Албанија смета дека постои некоја несоодветност во резултатите од пописот.
Ѓурѓај сепак уверува дека властите не сториле доволно да ги спречат пропагаторите од бугарската елита.
Македонците и другите национални малцинства во Албанија, не го прифаќаат пописот и бараат нов со меѓународни стандарди на ООН и ЕУ.
Фиљана Кока
