Полесно и побрзо до лек за 250.000 болни
Се поедноставува процедурата за препишување на 85 лека од позитивната листа, од осми јули ќе ги препишува матичен лекар наместо специјалист. Пациентите нема да ги купуваат лековите па да бараат надоместок од Фондот, туку истите ке бидат достапни во аптеките со рецепт...

Од 8- ми јули на поедноставен начин ќе се подигаат лековите на позитивната листа. Најголем број од терапиите се за хронично болни.
Со рецепт од матичен лекар пациентите ке можат да ги земаат дел од лековите за епилепсија, паркинсова болест, антидепресиви, за трансплатација на органи и ткива и лекови за автоимуна болест, кои досега ги купуваа сами па бараа надоместок од Фондот или се снабдуваа од болнците.
„Помал трошок за болниците. Но би кажала дека дел од пациентите и не доаѓаа да ги рефундираат односо ги плаќаа приватно, значи заштеда на осигурениците, не само за транспорт и за време туку и навистина во пари“, рече директорката на Фондот за здравство, Маја Парнарџиева-Змејкова.
Се упростува и процедурата за снабдување со дел од антибиотиците, лекови за третман на желудник, за покачен крвен притисок, срце и лекови против вртоглавица, кои наместо специјалист ќе бидат препишувани од страна матичниот доктор.
„Единствено ќе треба само еднаш на 6 месеци да си подигнат 6 рецепти, хронични рецепти кај матичниот лекар“, додаде Парнарџиева-Змејкова
Со овие измени ќе се намалат гужвите и редиците, а 250 илјади прегледи ќе има помалку на годишно ниво преку мој термин кај специјалистите и субспецијалистите.
Ана Јосифоска- Тодоровска
