Капитални инвестиции
План за одблокирање на крупните инфраструктурни проекти
10.07.2024 13:41
Според министерот Николоски, договорот со Бехтел и Енка не би требало да е државна тајна, но сите нерегуларности ќе ги истражуваат институциите...
Дел од капиталните инфраструктурни проекти, автопатиштата и железничката пруга никако да се реализираат. Во ресорот транспорт дојде нов министер, со ново ветување дека коридорите ќе се изградат.
Според министерот Николоски, договорот со Бехтел и Енка не би требало да е државна тајна, но сите нерегуларности ќе ги истражуваат институциите. А, она што преостанува е да се добијат што повеќе километри за да не пропаднат во вода 240 милини евра.
Известува Александра Велинова
