ЈСП

Три системи откажале на автобусот кој заврши на жардиниера, велат од синдикатот

10.07.2024 14:22

Неофицијално, три системи откажале на автобусот на ЈСП којшто заврши на жардиниера кај Мавровка во Скопје, велат од синдикатот, објаснувајќи дека само присебноста на возачот спречила поголема трагедија.

Тврдат дека градските автобуси се безбедни и редовно се сервисираат, но недостасуваат резервни делови, гориво и персонал за одржување.

Како што велат, во земјава нема млади возачи, оти малите нередовни плати ги тера на егзодус, а одамна не се школува нов кадар.