Скопје

МВР ќе истражува кој намерно ја пали депонијата „Вардариште“

10.07.2024 14:42

Дел од жителите на Скопје се задушуваат во чад и смрдеа поради депонијата „Вардардиште“. Полицијата ќе истражува кој намерно ја пали депонијата ...

Страшно е на 40 степени да затвораме прозорци поради смрдеа од чад – жителите од Гази Баба, Лисиче, Аеродром гневни откако повторно се задушуваа во токсични отрови, поради пожар на депонијата „Вардариште“.

МВР испрати повеќе полициски екипи за да открие кој ја пали депонијата. Лавина пријави се пристигнати до ЦУК.

За само еден ден, до ЦУК имало 2.230 повици на 112. Дел од нив беа пожари на отворено и за запалени депонии.

За оваа црна точка Град Скопје направи физибилити студија уште пред 10 години, каде е утврдено дека таа е „богата“ со тешки метали. Уште тогаш беше испратен апел да се внимава оти депонијата е лесно запалива.

 

Борис Грујоски