Топло време

Екстремно високи температури, пред нас е портокалова фаза

10.07.2024 14:44

Македонија под вршник. Земјава влегува во портокалова фаза со температури над 40 степени, се очекува надлежните да ги активираат препораките за заштита на граѓаните…

На сонце неподносливо топло, но и под сенка едвај се дише. Во најтоплите часови, на отворено, скопјани излегуваат, само ако мораат. Се разладуваат под клима, а горештини како овие, велат, порано немало толку.

На најфреквентните локации се растрчаа и екипите на Црвениот крст. Им поделија вода на граѓаните, а им помагаа и на највозрасните безбедно да стигнат дома.

Лекарите порачуваат – останете хидрирани, носите светла облека, капа и очила.

Временската прогноза не оди во наша корист. Синоптичарите најавуваат температури над 40-тиот степен.

Поради влажноста во атмосферата, метеоролозите укажуваат дека температурите што ќе ги чувствуваме ќе бидат повисоки од оние што официјално се мерат под сенка.

 

Анита Димитријевска – Велковска