Македонија

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од „Идризово“, не ги почитувала условите

10.07.2024 14:48

Од Управата за извршување на санкции, постапувајќи по службена должност, направиле проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот. При проверката било утврдено дека Јанева не ги почитувала условите...

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“.

Од Управата за извршување на санкции, постапувајќи по службена должност, направиле проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот. При проверката било утврдено дека Јанева не ги почитувала условите, потврдил за МИА директорот на Управата, Александар Пандов. 

Јанева на крајот на јануари годинава доби дозвола за работно да биде ангажирана надвор од затворот „Идризово“, каде што ја издржува повеќегодишната затворска казна на која беше осудена во случајот „Рекет“.