Комисијата за транспорт одлучи социјалците да не плаќаат радио- дифузна такса

03.07.2014 15:23

Со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се ослободуваат од плаќање радиодифузна такса примателите на социјална парична помош и постојана парична понош...

Матичната собраниска комисија за транспорт, врски и екологија со мнозинство гласови ги поддржа предложените корекции на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со нив се ослободуваат од плаќање радиодифузна такса примателите на социјална парична помош и постојана парична понош. Со измените им се дава флексибилност од плус, минус 5 проценти на телевизиите при поделбата  на емитување на забавна и на народна музика.

Комисијата прифати и еден амандман на опозициската пратеничка Роза Топузова- Каревска, со кој се подобрува текстот на законот.

Свето Николовски