МВР
Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко
10.07.2024 17:52
Денеска, хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес...

Денеска, хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.
Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола.
По добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.
