Македонските хакери украле речиси 200.000 евра од странски државјани
Во рацете на полицијата падна прилепскиот хакер кој уште во 2000-та прв заработи кривична пријава за компјутерски криминал. Работел организирано со група хакери од Скопје, Штип и Прилеп. Уапсени се седумина, еден е во бегство. Тројца веќе заработија и притвор. Мамеле странски државјани за електронска наплата на комунални сметки...

Осомничените креирале лажни веб страни од комунални фирми,идентични на оригиналните и на странски државјани од Австралија, Соединетите американски држави, Канада и Нов Зеланд. Ги скенирале нивните лични податоци иим праќале линкови за наплата на комуналии. На контото на сметките на осомничените легнале околу 100 илјади евра и исто толку американски долари.
„Со истите тие податоци преку некои компании кои нудат трансфер на пари електронски се логирале и преку сметките на странските државјани си праќале самите пари“, изјави помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски.
Акцијата не е спроведена по пријава од оштетените туку по сознанијата на полицијата кои будно ја следеле работата на хакерот од Прилеп. Полицијата располага со информации дека во групата има и други инволвирани. Доколку јавниот обвинител побара, од МВР велат пријавата ќе биде проширена. Не се исфрла можноста групата да има поддршка и од лица кои се наоѓаат во земјите каде се вршени криминалните дејанија.
Организираната група работела подолг период. Кај приведените кои се на возраст од 27 до 33 години, најдени се компјутери, смарт- фони , таблети, лаптопи во имало огромен број лични податоци од платежни картички на странски државјани.
Членовите на групата не посегнале по личните податоци на наши државјани за наплаќање на сметки по електронски пат.
Наташа Гркова-Петрушевска
