Временска прогноза

Сончево и многу топло со температури до 41 степен

11.07.2024 08:04

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.