Македонија
125 санкционирани возачи во Скопје
11.07.2024 08:06
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информира МВР.
