ИЗРАЕЛ

ООН реагира за раселувањето на цивилите во Газа

11.07.2024 08:16

Израелските воени операции во градот Газа продолжуваат додека течат разговорите за прекин на огнот во Каиро и во Доха...

Обединетите нации алармираат дека многу малку помош добиваат Палестинците од граничниот премин Керем Шалом поради беззаконието, тековните борби и недостатокот на ефикасна координација со израелските сили во Газа.

„Израелската инструкција за луѓето да го напуштат градот Газа само ќе поттикне масовно страдање за палестинските семејства, од кои многумина биле раселени многупати. Цивилите мора да бидат заштитени и нивните потреби мора да се задоволат, без разлика дали ќе бегаат или ќе останат“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ООН.

Израелските воени операции во градот Газа продолжуваат додека течат разговорите за прекин на огнот во Каиро и во Доха.