УКРАИНА

Жестоки напади меѓу Киев и Москва

11.07.2024 08:33

Рускиот пограничен регион Белгород повторно е мета на украински ракети...

Ракетните напади меѓу Русија и Украина од двете страни продолжуваат со несмалено темпо. Рускиот пограничен регион Белгород повторно е мета на украински ракети. Локалните власти тврдат дека едно лице загинало, а седум се повредени.

Од друга страна, властите на регионот Одеса наведуваат дека две лица загинале во гранатирањето на пристанишната инфраструктура.