свет

Во Боливија насилни протести поради избор на нови судии

11.07.2024 08:36

Полицијата се обиде да ги растера спротивставените демонстранти со солзавец. Со месеци, приврзаниците на Ево Моралес бараа да се заменат судиите на Врховниот суд...

Поддржувачите на боливискиот претседател Луис Арсе и поранешниот претседател Ево Моралес се судрија пред Изборниот трибунал додека претставниците на партијата разговараа за временската рамка за изборот на судии. Полицијата се обиде да ги растера спротивставените демонстранти со солзавец. Со месеци, приврзаниците на Ево Моралес бараа да се заменат судиите на Врховниот суд.

„Приоритет е да се направат судски избори за да се сменат судските власти во согласност со уставот и актуелните закони на земјата. Луѓето овде бараат законски да се прекинат прелиминарните избори за 2024 година“, изјави Оскар Хасентеуфел, претседател на боливискиот Врховен изборен трибунал.

Претходно, поради немање консензус меѓу групите кои го поддржуваат Моралес и актуелниот претседател Луис Арсе беше попречен изборот во Врховниот суд.