Мицкоски: Македонија стои рамо до рамо со сојузниците
Подготвени сме да го дадеме својот придонес со сојузниците за да ја потврдиме нашата посветеност во промоцијата на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, порака на премиерот Мицкоски од Самитот на НАТО...

Подготвени сме да го дадеме својот придонес со сојузниците за да ја потврдиме нашата посветеност во промоцијата на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, порака на премиерот Мицкоски од Самитот на НАТО. Во обраќањето пред новинарите користеше Македонија, македонски народ, македонски граѓани.
Со Мицотакис не се сретнаа, но разговарал со бугарскиот премиер Главчев. Двајцата се согласиле дека тензиите треба да се намалат. Според дел од грчките медиуми, Мицотакис на сесијата се осврнал и на договорот од преспа, потенцирајќи дека напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и на меѓународните договори.
Како што пренесува ЕРТ, рекол дека прекршувањето или селективната примена на договорот од преспа ќе го наруши кредибилитетот на напорите за решавање на другите отворени прашања во Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот.
