Закажано судењето за убиството на Вања и Панче
По 7 месеци на обвинителна клупа ќе седнат 4-ца обвинети за соучесништво, меѓу кој е и таткото на Вања. Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски ...

На 30 јули ќе почне судскиот процес за убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. По 7 месеци на обвинителна клупа ќе седнат 4-ца обвинети за соучесништво, меѓу кој е и таткото на Вања. Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, истиот судија кој го водеше процесот за убиството на момчињата кај Смилковското езеро познат како „монструм“.
Истрагата за Љупчо Палевски, кој е првоосомничен како организатор и директен извршител на убиствата сè уште трае, откако беше екстрадиран од Турција. Доколку истрагата заврши и се поднесе обвинение против него, извесно е спојување на двата предмета во еден.
