СРЕБРЕНИЦА

Ден на жалост во федерацијата БиХ, 29 години од геноцидот во Сребреница

11.07.2024 08:54

Советот на министри не постигна договор за одбележување на целата територија на земјата...

29 години од геноцидот во Сребреница. Денеска Ден на жалост во босанско-херцеговскиот ентитет на Федерацијата во чест на одбележување на годишнината од геноцидот. Советот на министри не постигна договор за одбележување на целата територија на земјата.

Македонија ја коспонзорираше сега веќе усвоената резолуција на Генералното собрание на Обединетите Нации во Мај, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот. Во Сребреница и околните области во јули 1995 година, беа убиени повеќе од 8.300 Бошњаци.

Пред различни судови, повеќе од 50 лица се осудени за геноцид и воени злосторства на вкупно 700 години затвор.