Англија е втор финалист на ЕВРО 2024

11.07.2024 09:06

Англичаните го обезбедија пласманот во финалето со пресврт и гол во самиот финиш на натпреварот во Дортмунд.

Англија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство, откако вчера ја совлада Холандија со 2-1 (1-1) и в недела во битка за титулата ќе игра против Шпанија.

Англичаните го обезбедија пласманот во финалето со пресврт и гол во самиот финиш на натпреварот во Дортмунд.

Натпреварот за титулата на ЕВРО2024 меѓу Шпанија и Англија ќе се игра в недела на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот.