ЦУК: Пожарот кај Пепелиште сè уште гори, нема опасност од загрозување на населби
Огнениот појас од пожарот во реонот на армискиот полигон Пепелиште, кај Криволак, е веќе 10 километри, но нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура...

Огнениот појас од пожарот во реонот на армискиот полигон Пепелиште, кај Криволак, е веќе 10 километри, но нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура. Од утрово се дејствува врз пожарот, а Центарот за управување со кризи од МВР побара поддршка за целосно извидување на теренот од воздух и до граничната полиција Фронтекс за извидување од воздух со дронови.
Пожарникари и вработени од јавните претпријатија на Неготино заедно со месното население се на терен и го гасат пожарот. Селата Пепелиште и Војшанци не се загрозени.
Се очекува на пладне хеликоптерот на МВР да делува на пожарот во правец од село Војшанци кон сртот на планината Серта, за да не се префрли пожарот кон Конечка Планина.
Кризниот штаб на Неготино ќе побара помош и од соседните општини.
