Светски ден

Светски ден на населението

11.07.2024 09:30

Светскиот ден на населението се обележува од 1989 година 11 јули се одбележува како со цел да се подигне свеста за прашањата кои влијаат врз светската популација ...

Светскиот ден на населението се обележува од 1989 година 11 јули се одбележува како со цел да се подигне свеста за прашањата кои влијаат врз светската популација. На иницијатива на демографот во Светската банка, К. Ц. Захарија, Управниот совет на Програмата на Обединети нации за развој (УНДП) го прогласува 11 јули за Светски ден на населението.

На денешен ден во 1987 година светското население достигна пет милијарди. Светскиот ден на населението има за цел да го привлече вниманието на одредени демографски проблеми со кои се соочуваат земјите ширум светот. 

Според статистичките податоци, во ноември 2022 година, светската популација достигна бројка од осум милијарди луѓе.