Граничен премин

Долги колони, но трпеливи патници на ГП „Табановце“

11.07.2024 13:46

Долги колони на граничниот премин „Табановце“. Вообичаена слика за летната сезона. Но иако на значајно високи температури, патниците остануваат трпеливи. Од институциите со укажувања се чека минимално за неопходна законска постапка ...

Колони возила на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српска граница. Вообичаена секојдневна слика во летната сезона. Се враќаат нашинците, но многу поголем е бројот на туристите коишто патуваат на летен одмор во Грција. На плажите во соседната држава според очекувањата, доколку е брза и постапката на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, би стигнале за само неколку часа.

Искуствата на луѓето коишто деновиве поминуваат на границата се различни. Но сепак иако на значајно високи температури туристите остануваат трпеливи. За Македонската телевизија раскажаа дека не чекаат долго по некои 15-ина минути. Велат процесот оди бргу, дури и невообичаено за ваков летен период.

„Петнаесетина минути чекаме, не е многу задржување“, вели еден патник.

„Некои 15-20 минути чекаме, не е страшно, вообичаено за летни одмори, тргнавме во Грција на одмор“, дополнува друг.

„Десет минути чекаме, не е многу за летни денови, одиме во Грција на одмор“, истакна патник.

„Овде сме пет до десет минути, не е ништо, навистина е добро“, посочи граѓанин.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите капацитети и кадри се ангажирани. Нема поголеми задржувања освен неопходните контроли.

„Се обидуваме за пасошка контрола времето да биде сведено на минимум за чекање“, велат од МВР.

Според податоците на МВР на граничниот премин „Табановце“ по полноќ до 8 и 30 часот утринава влез оствариле речиси 3.600 лица.

На граничниот премин Табановце, функционира Оне стоп шоп, кој е воспоставен од 2019 година. Но, покрај на граничните премини враќањето на нашинците се забележува и по зголеменото ниво на сообраќај на патарините, како и во централното подрачје.

 

Елена Георгиевска