Политика

Мицкоски од Вашингтон: Потребен е нов пристап и политика на аргументи

11.07.2024 11:39

Мицкоски на социјалните мрежи објави дека на маргините на НАТО Самитот имал динамичен ден со многу средби при што разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со соседите...

Премиерот Христијан Мицкоски која ја предводи владината делегација во Вашингтон на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, вчера присуствуваше на вечерата во Белата куќа организирана од американскиот претседател Џо Бајден за шефовите на држави и влади учесници на Самитот.

„Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО. Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи“, напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски на социјалните мрежи објави дека на маргините на НАТО Самитот имал динамичен ден со многу средби при што разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.

Во разговорите втората порака која ја испратил е дека помина времето на корумпирани политичари коишто доаѓаат од земјава и дека мораме да зборуваме како вистински партнери, како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица.