АЛБАНИЈА
Големи пожари во јужниот дел на Албанија
11.07.2024 12:43
Најмалку 23 пожари избувнале главно на југот на земјата во последните 24 часа, соопшти албанското Министерство за одбрана...

Топлотниот бран што зафати делови од Европа предизвика пожари во соседна Албанија. Најмалку 23 пожари избувнале главно на југот на земјата во последните 24 часа, соопшти албанското Министерство за одбрана.
Стотици пожарникари, воен персонал и локални функционери се справуваа со пламените јазици придружувани од хеликоптери и авиони од соседна Грција.
