Вашингтон

Пораки од Самитот на НАТО

11.07.2024 13:14

Украина на неповратен пат кон НАТО. Лидерите со пораки, на маргините на самитот во Вашингтон средби…

Воена помош за Украина во износ од 40 милијарди евра, поддршка за Киев да се одврати од руската агресија, критики кон Пекинг за поддршката на Москва – ова се дел од важните прашања кои се отворија на Самитот на НАТО.

Сојузниците порачаа дека се посилни од кога било порано. Македонскиот премиер Мицкоски вели, ние сме мала земја, но се држиме до преземените обврски за модернизација на одбраната и за промовирање на мирот.

Поентите од Самитот на НАТО ги има нашиот специјален известувач од Вашингтон, Стојан Трпчевски.