Прилеп

Жешкото време ги исплаши земјоделците

11.07.2024 13:40

Топлотниот бран ги уплаши земјоделците за родот. Сметаат ќе се намали. Пресудно е наводнувањето, ама жештините се побрзи од заштитата. Во прилепско има вода за наводнување, апел до земјоделците да склучуваат договори…

Прилепчанката Трајанка Димеска цел живот е со градинарското производство. Мака мачи со жешкото време навреме да се навади родот, ама жештините се побрзи од заштитата.

„На овие жештини нормално е градинарските култури да страдаат и мора навреме да ги наводнуваме. Иако ги наводнуваме пак цветот се рони и родот е намален“, вели Трајанка Димеска, производител.

Земјоделците се исплашени за родот. Агрономите анализираат: пченицата се жнее, родот е квалитетен. Во ек е бербата на тутунот. И за него и за градинарските култури пресудно е наводнувањето.

„Кај нас обично градинарството е лоцирано во општината Кривогаштани, каде наводнувањето е решено преку бунарите и секој којшто се занимава со градинарство решен му е проблемот со наводнување. Единствен проблем се временските непогоди“, вели Горан Томески, агроном, советник Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Прилеп.

Родот во прилепско поле се наводнува, надлежните ги поттикнуваат производителите кои немаат да склучат договори.

Елизабета Митреска