УГД стана дел од Алијансата на европски универзитети
Универзитетот „Гоце Делчев“ стана дел од Алијансата на европски универзитети, обезбеди пристап кон научната база СКОПУС и двојно го зголеми бројот на студенти во Еразмус програмата. Почна пријавувањето за нови студенти, а од идниот месец и за втор и трет циклус на студии ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ со дванаесет факултети, три академии и 70 студиски програми ги отвора вратите за близу 4.000 нови студенти. Најдобрите неколку стотини ќе бидат ослободени од партиципација.
УГД од оваа година стана дел од Алијансата на девет европски универзитети.
Голем чекор во квалитетот на образованието на УГД е пристапот кон научната база СКОПУС, од оваа студиска година бесплатна и за студентите и за професорите.
Пријавувањето е електронски, уписите се на 20 - ти август, а од 20 -ти август, започнуваат уписите за вториот и третиот циклус на студии на УГД.
Славица Величковска
