Осомничените за двојното убиство на 30-ти јули ќе седнат на обвинителна клупа
На 30-ти јули ќе почне судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Горчевска и велешанецот Панче Жежовски. По седум месеци на обвинителна клупа ќе седнат четворицата обвинети за соучесништво, меѓу кои и таткото на Вања. Судија во случајот ќе биде Ивица Стефановски...

На 30-ти јули ќе почне судскиот процес за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. По седум месеци, на обвинителна клупа ќе седнат четворицата обвинети за соучесништво, меѓу кои и таткото на Вања. Судија во случајот ќе биде Ивица Стефановски.
Основниот кривичен суд Скопје информираше дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната.
„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое Приговорите наодбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопштуваат од Кривичен суд.
Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, извршено во ноември минатата година.
Од Кривичен суд соопштија дека постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, сè уште е во фаза на обвинителска истрага. Тој е осомничен како организатор и директен извршител на убиствата.
Доколку истрагата заврши и се поднесе обвинение против него, извесно е спојувањето на двата предмета во еден.
Марина Стојанова – Тонева
