Дачиќ и Вегенин: Гасоводот Јужен тек е од животно значење за Србија и Бугарија

03.07.2014 16:16

Министрите за надворешни работи на Србија и Бугарија по средбата во Белград изразија заеднички став дека проектот за изградба на гасоводот Јужен тек е од животен интерес за двете земји...

Министрите за надворешни работи на Србија и Бугарија, Ивица Дачиќ и Кристијан Вигенин, по средбата во Белград изразија заеднички став дека проектот за изградба на гасоводот Јужен тек е од животен интерес за двете земји, притоа нагласувајќи ја важноста од енергетска безбедност и стабилност.

- Имаме заеднички став и заеднички интерес, животен интерес Јужниот тек да биде изграден и да не се расправаме за тоа со Европската комија, потенцираше Дачиќ на средбата со својот бугарски колега.

Српскит министер оцени дека Европската комисија не сака да го одобри проектот бидејќи смета дека причината за него се само пријателските односи помеѓу Белград и Москва, притоа истакнувајќи дека овој проект е важен пред се од економски интереси.

- Вредноста за изградбата на гасоводот изнесува две милијарди евра, а во изградбата ќе учествуваат многу српски фирми, изјави Дачиќ.

Двајцата министри изјавија дека Србија и Бугарија како и другите земји низ кои треба да поминува овој гасовод остануваат на ставот дека Јужен тек мора да се изгради и дека треба да се постигне договор со ЕК.