ЗНАМ и „Вреди“ никако да се согласат околу употребата на знамињата во институциите
Коалициските партнери во Владата ЗНАМ и „Вреди“ никако да се согласат околу употребата на знамињата. ЗНАМ бара институциите да реагираат во однос на поставувањето на албанско знаме внатре во државните институции. Од „Вреди“ директно одговараат - ЗНАМ сè уште се во предизборна кампања со единствена цел, политички да профитираат.

Коалициските партнери во Владата ЗНАМ и „Вреди“ никако да се согласат околу употребата на знамињата. ЗНАМ бара институциите да реагираат во однос на поставувањето на албанско знаме внатре во државните институции, каде е истакнато и во канцеларии на официјални средби.
Од „Вреди“ директно одговараат - ЗНАМ сè уште се во предизборна кампања со единствена цел, политички да профитираат.
И додека во ЗНАМ велат дека покрај имплементација на приоритетните политики, имаат улога на коректор во Владата, во „Вреди“ велат партнерството е однос на сили, а не на моќ.
Миле Ристески
