Итна медицинска помош

Високите температури причина за зголемени колапси кај граѓаните

11.07.2024 14:51

Топлотниот бран и екстремно високите температури аларм за здравјето на граѓаните. Апел, да не се излегува на отворено, да се внимава на заштитата. Има колапси, но има и зголемен број повици кон итната медицинска помош ...

Млади и работоспособни граѓани колабираат на своите работни места поради високата температура. Им паѓа крвниот притисок или шеќерот, добиваат вртоглавици и губат свет, сè се случува брзо, исплашените колеги ѕвонат во Итната медицинска помош. 

Докторката Сотировска објаснува дека иако немаат хронична болест, најчесто причина за оваа е некој ризик фактор, кој предизвикува и мозочни удари.

И сообраќајки зачестени. Топлината ја намалува концентрацијата, видливоста.

Ординациите полни со деца со стомачни вируси и бактерии, но и труења со храна.

Користење на пробиотици препорачуваат за децата за заштита од стомачните вируси но и за имунитетот.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски