Ослободен од обвинение полицаецот кој лани ја застрела мигрантката Фатмата кај Гевгелија
Полицискиот службеник Игор Марков кој лани ја застрела мигрантката Фатмата Камара од Сиера Леоне, по што таа почина во болница во Гевгелија, денеска беше ослободен од обвинението...

Полицискиот службеник Игор Марков кој лани ја застрела мигрантката Фатмата Камара од Сиера Леоне, по што таа почина во болница во Гевгелија, денеска беше ослободен од обвинението.
Како што соопшти судијата Ненад Савески во изрекувањето на пресудата, судските трошоци ќе паднат на товар на буџетските средства на државата.
Оштетените за своето имотно-правно побарување се упатуваат на спор.
Настанот се случи на 19 април 2023 година во раните утрински часови во близина на Гевгелија, кај местото викано „стара касарна“. Според описот на обвинението, полицајците затекнале двајца криумчари и повеќе мигранти. Обвинетиот го извадил пиштолот и со викање ги предупредувал присутните да застанат. Еден од криумчарите пак му се свртел ненадејно и се обидел да му го земе пиштолот по што почнале да се борат.
