Министерот Горан Минчев, денеска оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор
Министерот за јавна администрација, г-динот Горан Минчев, денеска оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор, г-ѓа Неда Малеска Сачмароска извршната директорка од Центар за управување со промени (ЦУП) и Бранка Коцевска (ЦУП) проектен координатор, како и Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) и Јулијана Караи исражувачка (ЕПИ)...
Министерот за јавна администрација, г-динот Горан Минчев, денеска оствари првични средби со претставници на граѓанскиот сектор, г-ѓа Неда Малеска Сачмароска извршната директорка од Центар за управување со промени (ЦУП) и Бранка Коцевска (ЦУП) проектен координатор, како и Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) и Јулијана Караи исражувачка (ЕПИ).
Министерот Минчев ги информираше присутните за приоритетните активности на новото МЈА, и ја истакна важноста од вклучување на сите засегнати страни во процесот на реформата на јавната администрација.
Од страна на претставниците на граѓанскиот сектор беа презентирани проектите на кои што досега имале остварена успешна соработка, а се однесуваат на принципите на добро управување и реформите во јавната администрација. Притоа, ги истакна тековните проекти кои ги реализираат и понудија соработка и вклучување на новото министерство во процесите.
Истовремено, покажаа интерес да се вклучат во процесите во реформата на јавната администрација која што ќе ја координира новото министерство за јавна администрација.
Министерот Минчев, се заблагодари на придонесот и поддршката што ја давале во досегашните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина, пред сè давање експертска поддршка на клучните реформски процеси на министерството за јавна администрација.