Меѓународна конференција за безбедност

10.12.2013 16:06

Безбедносните предизвици,транснационалниот организиран криминал

Безбедносните предизвици,транснационалниот организиран криминал,неговите трендови,корелацијата на научните согледувања со конкретните состојби и нивната примена во полициската практика се дел од темите на кои се дискутира на Меѓународната конференција што се одржува во Охрид,во рамките на Конференцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.

Република Македонија претставува еден од регионалните фактори на безбедност со својата посветеност на борбата против организираниот криминал, рече во своето обраќање директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков и посочи дека зајакнувањјето на националните капацитети не е доволно само по себе, туку поагресивна и глобална природа на трансграничниот организиран криминал за чие спречување е потребна меѓународно координирана акција.

Соработката меѓу науката и практичната работа е неопходна за успешна борба против организираниот криминал,беше речено на Конференцијата- МиткоЧавков-директор на Бирото за јавна безбедност при МВР

"Доколку полициските академии и факултетите за безбедност ги следат збиднувањата на терен и ги анализираат податоците,тие можат да бидат корисни за планирање на полициското работење со помош на стратегиски информации"- Андреј Рупник-директор на програмата за гранична безбедност

По првиот ден од Конференцијата се наметнува заклучокот дека не може да постои успешна соработка за борба против организираниот криминал  меѓу полициите од регионот,доколку нема заедничко координирање на напорите за собирање и анализа на податоци на што ги упатува и Конференцијата за полициска соработка  која ги утврдува законските услови за заедничко дејствување.

Сашо Нелоски