Трибина

СДСМ дебатираше за изборниот пораз

03.07.2014 16:42

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повтори барањата за техничка влада, регулација на медиумите, прецизирање на избирачкиот список и изборното законодавство...

Со затемнета сценографија опозицијата ја одржа трибината „Што да се прави за освојување на слободата“. Приврзаници и членови на опозицијата дебатираа за изборниот пораз и барањата за нови избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повтори барањата за техничка влада, регулација на медиумите, прецизирање на избирачкиот список и изборното законодавство.

„Уверени дека само јадрото на интелектуалната сила и граѓанството ја имаат моќта да ги кренат скапите завеси на театарот и да ги демаскираат глумците, ние од здружената опозиција денеска подаваме рака на политичко пријателство. Рака до секој еден човек во оваа земја“, рече Заев.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски излезе на говорницата со тврдење дека е исправна одлуката да се напуштат институциите и да се бојкотира Собранието. Се зборуваше за темнината, демократијата.

„Само страста и емоциите излегуваат надвор од тие канализирани методи, формули и стратегии за манипулација и на политиката и на граѓаните“, рече аналитичарот Арсим Зеколи.

Опозициските аналитичари дебатираа. СДСМ пак ги повика да ги дадат размислувањата, а тоа што ќе им се допадне ќе го вграделе во нивната стратегија. За Македонија да е дел од Европската унија и НАТО.

 

Миле А. Ристески