Србија

Осомничен за убиството на девојчето кај Бор се премисли, негира вина

11.07.2024 18:45

Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска е сослушан Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ кај Бор...

Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар денеска е сослушан Дејан Драгијевиќ, еден од осомничените за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ кај Бор.

Според Заечарското обвинителство, тој негирал дека го сторил делото, а во зградата се задржал два часа и 20 минути. Драгијевиќ беше сослушан по барање на неговиот бранител.

Да потсетиме, полицијата и обвинителството претходно соопштија дека Драгијевиќ ја признал вината и изнесол детали за тоа кривично дело.

Двајца осомничени беа приведени на 4-ти април, а телото на девојчето сè уште не е пронајдено.