Временска прогноза
Сончево и многу топло
12.07.2024 08:32
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
