Украина
Зеленски: Украина е многу блиску до членство во НАТО
12.07.2024 08:46
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел – членство во НАТО ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел – членство во НАТО, и покрај фактот што воената алијанса не и понуди политичка покана да ѝ се приклучи на Самитот во Вашингтон.
Им порача на украинските сојузници дека мора да ги укинат сите ограничувања на Киев за извршување напади врз цели во Русија, ако сакаат Украина да победи во војната со Москва.
