ЦУК

ЦУК: Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден

12.07.2024 08:52

Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница ...

Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух“, објави Ангелов.

Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен, во граничниот појас со Бугарија.

Според информациите од ТППЕ Струмица, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.